ИДЕАЛЕН ТИМ НА 3. КОЛО ОД СУПЕР МАШКАТА ЛИГА (АНКЕТА)

Традицијата продолжува и екипата на 24Ракомет и годинава ви овозможува во секое коло да гласате за најдобрите ракометари по коло во есенскиот дел од сезоната.

За разлика од лани, годинава има 16 екипи. Сезоната ќе биде долга, ќе има неизвесни битки за пласман во плеј-офот каде ќе играат осум екипи.

Дефинитивно на љубителите на ракометот нема да им недостигаат драматични и неизвесни натпревари во двете групи од суперлигашката конкуренција.

Ние ги одбравме најдобрите седум, а со помош на вашите гласови ќе се одбере ракометарот кој ќе биде МВП на колото.

Ќе можете да го дадете вашиот глас за еден од ракометарите во изборот најдоцна до недела на пладне, кога ќе биде познато кој ќе биде избран за најкорисен играч на колото.

Според Вас, кој ракометар го одбележа 3. коло од машката Суперлига 2022/2023?

Мартин Димов - десно крило - Пролет
39.80%
Јакша Вјештица - среден бек - Радовиш
36.36%
Петар Атанасијевиќ - лево крило - Еурофарм Пелистер 2
15.00%
Стефан Кимевски - голман - Куманово
3.88%
Мартин Манасков - лев бек - Бутел Скопје
2.48%
Дејан Гошевски - десен бек - Голден Арт
1.52%
Никола Стефановиќ - пивот - Тиквеш
0.96%

РЕЗУЛТАТИ ОД 3. КОЛО ОД СУПЕР МАШКАТА ЛИГА

група А

ВАРДАР НЕГОТИНО – КУМАНОВО 24-26
ПРИЛЕП – ВАРДАР 19-34
БУТЕЛ СКОПЈЕ – СТРУГА 27-25
АЛКАЛОИД – ОХРИД 24-22

ПозЕкипаНПРЛБ
1АЛКАЛОИД11110033
2ВАРДАР 196111100130
3ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР12100230
4ОХРИД1290327
5БУТЕЛ1270521
6ТИКВЕШ 20141251616
7ПРОЛЕТ1243515
8ПРИЛЕП1242614

група Б

ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2 – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 28-28
ГОЛДЕН АРТ – СКОПЈЕ 30-27

ЈУНИОР КВ – ТИКВЕШ 25-32
РАДОВИШ –
ПРОЛЕТ 27-27

ПозЕкипаНПРЛБ
1ГОЛДЕН АРТ1452717
2МУЛТИЕСЕНС1430119
3ВАРДАР НЕГОТИНО1420126

ИДЕАЛЕН ТИМ НА 3. КОЛО ОД СУПЕР МАШКАТА ЛИГА

ГОЛМАН: Стефан Кимевски (Куманово) – Голманот на Куманово со 18 интервенции беше клучниот ракометар во првата победа на неговиот тим во новата суперлигашка сезона.

ЛЕВО КРИЛО: Петар Атанасијевиќ (Еурофарм Пелистер 2) – Левото крило со седум голови беше најефикасен на средбата со првиот тим од Битола и меѓу најзаслужните за ремито.

ЛЕВ БЕК: Мартин Манасков (Бутел Скопје) – Левиот бек на Бутел Скопје со два гола во финишот на мечот ја обезбеди победата над Струга, а беше и надобар стрелец со вкупно седум погодоци.

СРЕДЕН БЕК: Јакша Вјештица (Радовиш) – Српскиот интернационалец заедно со Постолов беа најефикасните на теренот во Радовиш, а средниот бек го постигна и голот за реми од слободен удар по истекот на времето.

ДЕСЕН БЕК: Дејан Гошевски (Голден Арт) – Десниот бек со пет погодоци беше меѓу најзаслужните за првата победа на Голден Арт во новата суперлигашка сезона.

ДЕСНО КРИЛО: Мартин Димов (Пролет) – Десното крило на Пролет продолжува да игра во одлична форма на стартот од сезоната. Со пет погодоци беше меѓу најефикасните во ремито со Радовиш.

ПИВОТ: Никола Стефановиќ (Тиквеш) – Српскиот интернационалец даде шест гола во триумфот над Јуниор Кисела Вода, а дел од нив беа во периодот од мечот кога кавадарчани ја правеа разликата.