На средбите од 2. коло во Супер машката лига домашните екипи не дозволија изненадување на пет средби. Победија Пролет, Бутел Скопје, Радовиш, Струга и Еурофарм Пелистер 2. Единствен гостински тим кој дојде до бодови беше Металург кој победи во Прилеп.
Сезоната се игра по нов распоред односно секој петок и понеделник поради коронавирусот така што ќе има згуснат календар и натпревари кои сигурно ќе донесат многу возбудувања.
Традицијата продолжува и екипата на 24 Ракомет и годинава ќе ви овозможува во секое коло да гласате за најдобрите ракометари по коло во првиот дел од сезоната.
Ние ги подготвивме најдобрите седум, а со помош на вашите гласови ќе се одбере ракометарот кој ќе биде МВП на колото. Ќе можете да гласате до петок до 14 часот.
Својот глас за ракометарот за кој сметате дека бил најдобар можете да го дадете во продолжение.