Традицијата продолжува и екипата на 24Ракомет и годинава ви овозможува во секое коло да гласате за најдобрите ракометари по коло во есенскиот дел од сезоната.
За разлика од лани, годинава има 16 екипи, a по последното коло од регуларниот дел се познати патниците во плеј-оф и плеј-аут.
Дефинитивно на љубителите на ракометот нема да им недостигаат драматични и неизвесни натпревари во двете групи од суперлигашката конкуренција.
Ние ги одбравме најдобрите седум, а со помош на вашите гласови ќе се одбере ракометарот кој ќе биде МВП на колото.
Ќе можете да го дадете вашиот глас за еден од ракометарите во изборот најдоцна до недела на пладне, кога ќе биде познато кој ќе биде избран за најкорисен играч на колото.
РЕЗУЛТАТИ ОД 14. КОЛО ОД СУПЕР МАШКАТА ЛИГА
група А
СТРУГА – ВАРДАР 23-34
ВАРДАР НЕГОТИНО – ОХРИД 21-27
БУТЕЛ СКОПЈЕ – АЛКАЛОИД 28-27
КУМАНОВО – ПРИЛЕП 27-29
група Б
СКОПЈЕ – РАДОВИШ 28-24
ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2 – ЈУНИОР КВ 33-23
ГОЛДЕН АРТ – ТИКВЕШ 24-27
ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР – ПРОЛЕТ 37-25
ИДЕАЛЕН ТИМ НА 14. КОЛО ОД СУПЕР МАШКАТА ЛИГА
ГОЛМАН: Бојан Блажески (Бутел Скопје) – Голманот на Бутел Скопје имаше 12 одбрани на дуелот со Алкалоид.
ЛЕВО КРИЛО: Петар Атанасијевиќ (Еурофарм Пелистер 2) – Левото крило на вториот битолски тим ја продолжува одличната форма и даде шест гола против Јуниор.
ЛЕВ БЕК: Филип Талески (Вардар) – Со шест голови македонскиот репрезентативец го водеше шампионот до триумф кај Струга.
СРЕДЕН БЕК: Страхиња Симиќ (Тиквеш) – Искусниот организатор на играта со седум гола беше предводник на кавадарчани во победата кај Голден Арт
ДЕСЕН БЕК: Филип Николов (Бутел Скопје) – Велешанецот имаше фантастична партија и со 11 гола го водеше до дерби триумф против Алкалоид.
ДЕСНО КРИЛО: Ненад Костески (Еурофарм Пелистер) – Македонскиот репрезентативец имаше свој ден и даде девет гола против Пролет.
ПИВОТ: Владимир Бојаниќ (Охрид) – Српскиот интернационалец со шест гола беше меѓу најдобрите во составот на Охрид на мечот против Вардар Неготино.