ИДЕАЛЕН ТИМ НА 13. КОЛО ОД СУПЕР МАШКАТА ЛИГА (АНКЕТА)

Традицијата продолжува и екипата на 24Ракомет и годинава ви овозможува во секое коло да гласате за најдобрите ракометари по коло во есенскиот дел од сезоната.

За разлика од лани, годинава има 16 екипи. Сезоната ќе биде долга, ќе има неизвесни битки за пласман во плеј-офот каде ќе играат осум екипи.

Дефинитивно на љубителите на ракометот нема да им недостигаат драматични и неизвесни натпревари во двете групи од суперлигашката конкуренција.

Ние ги одбравме најдобрите седум, а со помош на вашите гласови ќе се одбере ракометарот кој ќе биде МВП на колото.

Ќе можете да го дадете вашиот глас за еден од ракометарите во изборот најдоцна до недела на пладне, кога ќе биде познато кој ќе биде избран за најкорисен играч на колото.

Според Вас, кој ракометар го одбележа 13. коло од машката Суперлига 2022/2023?

Ален Ќосевски - десно крило - Вардар
35.24%
Дејан Рикановиќ - голман - Струга
23.17%
Павле Петровиќ - десен бек - Еурофарм Пелистер 2
12.70%
Владимир Јевтиќ - пивот - Бутел Скопје
8.57%
Ивица Илиев - среден бек - Голден Арт
7.94%
Крсте Андоновски - лево крило - Охрид
6.35%
Иван Џонов - лев бек - Пролет
6.03%

РЕЗУЛТАТИ ОД 13. КОЛО ОД СУПЕР МАШКАТА ЛИГА

група А

ВАРДАР – КУМАНОВО 37-21
ОХРИД – СТРУГА 22-22
АЛКАЛОИД – ВАРДАР НЕГОТИНО 40-16
ПРИЛЕП – БУТЕЛ СКОПЈЕ 25-33

ПозЕкипаНПРЛБ
1АЛКАЛОИД11110033
2ВАРДАР 196111100130
3ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР12100230
4ОХРИД1290327
5БУТЕЛ1270521
6ТИКВЕШ 20141251616
7ПРОЛЕТ1243515
8ПРИЛЕП1242614

група Б

ПРОЛЕТ – СКОПЈЕ 35-30
РАДОВИШ – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2 24-35
ТИКВЕШ – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 20-30
ЈУНИОР КВ – ГОЛДЕН АРТ 20-28

ПозЕкипаНПРЛБ
1ГОЛДЕН АРТ1452717
2МУЛТИЕСЕНС1430119
3ВАРДАР НЕГОТИНО1420126

ИДЕАЛЕН ТИМ НА 13. КОЛО ОД СУПЕР МАШКАТА ЛИГА

ГОЛМАН: Дејан Рикановиќ (Струга) – Босанскиот голман со 12 одбрани беше меѓу најзаслужните за ремито на стружани во езерското дерби.

ЛЕВО КРИЛО: Крсте Андоновски (Охрид) – Капитенот на Охрид со пет гола беше најдобар стрелец во езерското дерби против Струга.

ЛЕВ БЕК: Иван Џонов (Пролет) – Со шест голови македонскиот репрезентативец го водеше составот на Пролет до нова победа во Суперлигата.

СРЕДЕН БЕК: Ивица Илиев (Голден Арт) – Искусниот организатор на играта со пет гола беше меѓу најефикасните играчи во триумфот на гости кај Јуниор КВ.

ДЕСЕН БЕК: Павле Петровиќ (Еурофарм Пелистер 2) – Босанскиот десен бек имаше девет погодоци во победата на гостински терен кај Радовиш.

ДЕСНО КРИЛО: Ален Ќосевски (Вардар) – Со 11 гола го предводеше македонскиот шампион до суперлигашки триумф над Куманово.

ПИВОТ: Владимир Јевтиќ (Бутел Скопје) – Српскиот интернационалец со седум гола го предводеше Бутел до три бода на гости кај Прилеп.