Традицијата продолжува и екипата на 24Ракомет и годинава ви овозможува во секое коло да гласате за најдобрите ракометари по коло и во пролетниот дел од сезоната.
Пред крај се разигрувањата за титула и опстанок во елитната конкуренција, веќе се знае шампионот, а во последното коло ќе бидат решени и другите дилеми.
Ние одново ги одбравме најдобрите седум. Со помош на вашите гласови ќе го одбереме ракометарот кој ќе биде МВП на 13. коло од плеј-оф/аут.
Meѓу номинираните има по еден ракометар од Куманово, Прилеп, Вардар, Еурофарм Пелистер, Бутел Скопје, Алкалоид и Тиквеш.
За МВП на колото ќе можете да гласате до недела до 12 часот.
СУПЕР МАШКА ЛИГА – РЕЗУЛТАТИ ОД 13. КОЛО ПЛЕЈ-ОФ/АУТ
ПРОЛЕТ – БУТЕЛ СКОПЈЕ 22-23
АЛКАЛОИД – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2 29-27
ТИКВЕШ – ВАРДАР 32-32
ОХРИД – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 25-28
КУМАНОВО – ПРИЛЕП 28-28
ГОЛДЕН АРТ – СКОПЈЕ 30-24
ЈУНИОР КВ – ВАРДАР НЕГОТИНО 30-29
РАДОВИШ – СТРУГА 26-32
ТАБЕЛА
ИДЕАЛЕН ТИМ НА 13. КОЛО ОД ПЛЕЈ-ОФ/АУТ ВО СУПЕРЛИГА (АНКЕТА)
Голман: Иван Галевски (Алкалоид) – Кадетскиот репрезентативец беше меѓу најзаслужните за триумфот над вториот тим на битолчани.
Лево крило: Дејан Манасков (Вардар) – Левото крило постигна најмногу погодоци во Кавадарци против Тиквеш.
Лев бек: Вучко Мрвовиќ (Куманово) – Левиот бек се враќа по повредата на терен и беше најдобар поединец на мечот со Прилеп.
Среден бек: Страхиња Симиќ (Тиквеш) – Српскиот плејмејкер одново пружи одлична партија во кавадаречкиот дрес и го однесе тимот во Европа.
Десен бек: Филип Николов (Бутел Скопје) – Велешанецот беше најдобар поединец кај Бутел во победата над Пролет.
Десно крило: Реваз Чантурија (Прилеп) – Тренерот-играч на прилепчани имаше големи заслуги за бодот кај Куманово вреден опстанок во елитата.
Пивот: Жарко Пешевски (Еурофарм Пелистер) – Македонскиот репрезентативец имаше големи заслуги за триумфот кај Охрид со кој беше потврдена титулата.