Традицијата продолжува и екипата на 24Ракомет и годинава ви овозможува во секое коло да гласате за најдобрите ракометари по коло и во пролетниот дел од сезоната.
Продолжуваат разигрувањата за титула и опстанок во елитната конкуренција, па нема да недостигаат неизвесни и интересни натпревари.
Ние одново ги одбравме најдобрите седум. Со помош на вашите гласови ќе го одбереме ракометарот кој ќе биде МВП на 12. коло од плеј-оф/аут.
Meѓу номинираните има двајца ракометари од Еурофарм Пелистер, како и по еден од Алкалоид, Охрид, Тиквеш, Скопје и Прилеп.
За МВП на колото ќе можете да гласате до недела до 12 часот.
СУПЕР МАШКА ЛИГА – РЕЗУЛТАТИ ОД 12. КОЛО ПЛЕЈ-ОФ/АУТ
ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР – ВАРДАР 26-23
ОХРИД – ПРОЛЕТ 28-19
ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2 – ТИКВЕШ 25-30
БУТЕЛ СКОПЈЕ – АЛКАЛОИД 20-22
ПРИЛЕП – ЈУНИОР КВ 24-24
РАДОВИШ – ГОЛДЕН АРТ 29-37
СТРУГА – ВАРДАР НЕГОТИНО 41-30
СКОПЈЕ – КУМАНОВО 30-23
ТАБЕЛА
ИДЕАЛЕН ТИМ НА 12. КОЛО ОД ПЛЕЈ-ОФ/АУТ ВО СУПЕРЛИГА (АНКЕТА)
Голман: Урбан Лесјак (Еурофарм Пелистер) – Словенецот беше меѓу најдобрите поединци во дерби триумфот над Вардар.
Лево крило: Марио Мишевски (Скопје) – Левото крило го водеше тимот на Скопје до убедлива победа над Куманово.
Лев бек: Давор Шокоски (Прилеп) – Со 13 гола беше најдобар стрелец во неговиот тим кој не успеа да победи против Јуниор КВ.
Среден бек: Страхиња Симиќ (Тиквеш) – Српскиот плејмејкер одново пружи одлична партија во кавадаречкиот дрес.
Десен бек: Мартин Серафимов (Алкалоид) – Македонскиот репрезентативец беше меѓу најдобрите поединци во гостинската победа кај Бутел Скопје
Десно крило: Ненад Костески (Еурофарм Пелистер) – „Ер Струга“ се истакна со добра партија во дербито против Вардар.
Пивот: Денис Василев (Еурофарм Пелистер) – Рускиот интернационалец постигна пет погодоци и одигра одлична одбрана во рутинскиот триумф кај Пролет.