ИДЕАЛЕН ТИМ НА 11. КОЛО ОД СУПЕР МАШКАТА ЛИГА (АНКЕТА)

Во 11. коло од Супер машката лига најинтересниот дуел го имаа тимовите на Радовиш и Бутел Скопје, но возбудувања имаше и на средбата меѓу Вардар јуниор и Металург. Радовишани успеаја да освојат бод против тимот од Скопје откако одиграа 26:26, додека Металург се потеше до крајот и едвај се избори за триумф од 33:31 на тешкото гостување.

На другите три средби фаворитите забележаа високи победи. Пролет и Пелистер славеа на домашен терен, додека составот на Охрид го направија истото на гостински.

Традицијата продолжува и екипата на 24 Ракомет и годинава ќе ви овозможува во секое коло да гласате за најдобрите ракометари по коло во првиот дел од сезоната. Ние ги подготвивме најдобрите седум, а со помош на вашите гласови ќе се одбере ракометарот кој ќе биде МВП на сезоната. Ќе можете да гласате до сабота во 12 часот.

Својот глас за ракометарот за кој сметате дека бил најдобар можете да го дадете во продолжение (Доколку анкетата не ви се појави веднаш почекајте неколку секунди за да биде вчитана).

ИДЕАЛЕН ТИМ НА 11. КОЛО ОД СУПЕР МАШКАТА ЛИГА

ГОЛМАН: ЗЛАТКО ДАСКАЛОСКИ (БУТЕЛ СКОПЈЕ)

Беше еден од подобрите во тимот на Бутел Скопје и дефинитивно играч кој помогна екипата да дојде до бод на тешкото гостувањето во Радовиш. Одбрани на високо ниво, па доби предност за позицијата најдобар голман во 11. коло.

ЛЕВО КРИЛО: МИЛАН ПОПОВИЌ (МЕТАЛУРГ)

Интернационалецот од Црна Гора во редовите на Металург одигра добра средба на гостувањето кај Вардар јуниор. Тој одработе одличен натпревар и беше еден од оние кои зададоа најмногу проблеми за противникот, а постигна седум гола.

ЛЕВ БЕК: ЗЛАТКО ВЕЗЕНКОВСКИ (РАДОВИШ)

Искусниот бек на радовишани имаше голема улога на квалитетниот дуел против Бутел Скопје. Тој постигна пет гола, но заедно со Илиев и Николов задаваше најмногу проблеми по голот на гостите од Скопје.

СРЕДЕН БЕК: ЛАСКО АНДОНОВСКИ (ПРОЛЕТ)

Организаторот на играта на Пролет имаше добра партија и тој беше лидерот при победата против Металург 2. Со десет гола беше незадржлив во нападот. Одигра одлична средба и дефинитивно го заслужи местото во најдобрата седумка.

ДЕСЕН БЕК: ФИЛИП НИКОЛОВ (РАДОВИШ)

Против своите поранешни колеги одигра одличен дуел. Со шест гола беше втор стрелец во редовите на Радовиш. Сепак, одиграа само нерешено 26:26, но и тоа беше доволно за да се најде во првата седумка во колого.

ДЕСНО КРИЛО: БОБАН БЛАЖЕСКИ (ОХРИД)

Стандардно добрата форма ја потврди и на гостувањето кај Работнички каде што беше најголем проблем за одбраната на противникот. Постигна десет гола со кои беше најефикасен на теренот.

ПИВОТ: ИГОР ТРАЈКОВСКИ (ПЕЛИСТЕР)

Пикерот на Пелистер ја имаше најдобрата партија сезонава. Тој играше против тимот во кој ја почна сезоната и имаше мотив плус така што на овој дуел постигна девет гола со кои беше незадржлив за противничката одбрана.

СУПЕР МАШКА ЛИГА

РЕЗУЛТАТИ ОД 11. КОЛО

РАДОВИШ – БУТЕЛ СКОПЈЕ   26:26 (ИЗВЕШТАЈ)

Илиев 10, Николов 6, Везенковски 5 – Мајиќ 10, Димовски 5, Милошевски 3

ВАРДАР ЈУНИОР – МЕТАЛУРГ           31:33 (ИЗВЕШТАЈ)

Крстевски 8, Кукуловски 6, Атанасовски 5 – Поповиќ7, Јагуриновски 5, Шилегов 4

ПРОЛЕТ 62 – МЕТАЛУРГ 2        35:23 (ИЗВЕШТАЈ)

Андоновски 10, Давитковски 4, Мајнов 4 – Кофиловски 6, Митиќ 5, Ристовски 2

ПЕЛИСТЕР – СТРУГА     38:24 (ИЗВЕШТАЈ)

Трајковски 9, Талевски 8, Блажевски 6 – Кузманоски 7, Симоноски 5, Крстаноски 4

РАБОТНИЧКИ – ОХРИД 27:37 (ИЗВЕШТАЈ)

Палевски 11, Гичев 5, Полијак 5 – Блажески 10, Тасески 7, Кривокапиќ 5

СЛЕДНО, 12. КОЛО (23/24 НОЕМВРИ)

БУТЕЛ СКОПЈЕ – ВАРДАР ЈУНИОР

СТРУГА – РАДОВИШ

ГРК ОХРИД – ПЕЛИСТЕР

МЕТАЛУРГ 2 – РАБОТНИЧКИ

МЕТАЛУРГ – ПРОЛЕТ 62

ТАБЕЛА: 1. Металург 29 бода (369:283); 2. Охрид 28 (314:253); 3. Бутел Скопје 25 (304:265); 4. Пролет 23 (337:286); 5. Радовиш 16 (329:329); 6. Вардар јуниор 15 (307:333); 7. Пелистер 11 (283:288); 8. Работнички 4 (319:378); 9. Металург II 4 (307:378); 10. Струга 4 (252:328).