Традицијата продолжува и екипата на 24Ракомет и годинава ви овозможува во секое коло да гласате за најдобрите ракометари по коло и во пролетниот дел од сезоната.
Продолжуваат разигрувањата за титула и опстанок во елитната конкуренција, па нема да недостигаат неизвесни и интересни натпревари.
Ние одново ги одбравме најдобрите седум. Со помош на вашите гласови ќе го одбереме ракометарот кој ќе биде МВП на 10. коло од плеј-оф/аут.
Meѓу номинираните има ракометари од Еурофарм Пелистер, Охрид, Вардар, Струга, Aлкалоид, Скопје и Голден Арт.
За МВП на колото ќе можете да гласате до недела до 12 часот.
СУПЕР МАШКА ЛИГА – РЕЗУЛТАТИ ОД 10. КОЛО ПЛЕЈ-ОФ/АУТ
ПРОЛЕТ – АЛКАЛОИД 22-28
ОХРИД – ТИКВЕШ 22-21
БУТЕЛ СКОПЈЕ – ВАРДАР 24-30
ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2 31-26
РАДОВИШ – ЈУНИОР КВ 22-32
ГОЛДЕН АРТ – КУМАНОВО 28-26
СКОПЈЕ – ВАРДАР НЕГОТИНО 33-28
СТРУГА – ПРИЛЕП 21-19
ТАБЕЛА
ИДЕАЛЕН ТИМ НА 10. КОЛО ОД ПЛЕЈ-ОФ/АУТ ВО СУПЕРЛИГА (АНКЕТА)
Голман: Александар Миленковиќ (Охрид) – Србинот беше меѓу клучните фактори за триумфот над Тиквеш.
Лево крило: Марио Мишевски (Скопје) – Со седум погодоци заедно со Јакимовски го водеа Скопје до победа против неготинци.
Лев бек: Филип Талески (Вардар) – Шампионот одигра колку што требаше за победа кај Бутел, а левиот бек даде пет гола.
Среден бек: Игор Ѓоргиев (Алкалоид) – Репрезентативниот бек беше меѓу лидерите во гостинската победа кај Пролет.
Десен бек: Дејан Гошевски (Голден Арт) – Десниот бек со пет погодоци беше меѓу најдобрите поединци во триумфот против Куманово.
Десно крило: Ненад Костески (Еурофарм Пелистер) – Стружанецот ја продолжува одличната форма и против вториот тим беше најдобар стрелец со осум гола.
Пивот: Петар Маркоски (Струга) – Пивотот второ коло по ред доби место меѓу најдобрите, откако даде една третина од головите на Струга во триумфот над прилепчани.