ИДЕАЛЕН ТИМ НА 10. КОЛО ОД ПЛЕЈ-ОФ/АУТ ВО СУПЕР МАШКАТА ЛИГА (АНКЕТА)

Eкипата на 24Ракомет и годинава ви овозможуваше во секое коло да гласате за најдобрите ракометари по коло во пролетниот дел од сезоната.

Имаше натпревари од разигрувањата за титула и опстанок во елитната конкуренција, на кои не недостигаше неизвесност, драма до самиот крај…

Ние одново ги одбравме најдобрите седум. Со помош на вашите гласови ќе го одбереме ракометарот кој ќе биде МВП на 10. коло од плеј-оф/аут.

Ќе можете да гласате до недела до 12 часот.

СУПЕР МАШКА ЛИГА – РЕЗУЛТАТИ ОД 10. КОЛО ПЛЕЈ-ОФ/АУТ

ВАРДАР – ТИКВЕШ 37-25
ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР – БУТЕЛ СКОПЈЕ 30-22
ОХРИД – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2 23-23
РАДОВИШ – ПРИЛЕП 25-23
ПРОЛЕТ – СКОПЈЕ 28-22

ИДЕАЛЕН ТИМ НА 10. КОЛО ОД ПЛЕЈ-ОФ/АУТ ВО СУПЕРЛИГА (АНКЕТА)

Голман: Благојче Трајкоски (Еурофарм Пелистер 2) – голманот на битолчани беше меѓу подобрите поединци на дуелот со Охрид

Лево крило: Тимур Дибиров (Вардар) – рускиот интернационалец постигна десет гола против Тиквеш кога беше потврдена титулата на „црвено-црните“.

Лев бек: Филип Талески (Вардар) – покрај Дибиров, Талески даде уште десет гола во триумфот над кавадарчани.

Среден бек: Мартин Ивановски (Охрид) – на последниот натпревар за матичниот клуб Ивановски беше меѓу најдобрите на теренот против идниот клуб.

Десен бек: Матео Мараш (Еурофарм Пелистер) – хрватскиот десен бек беше најефикасен против Бутел во последниот негов натпревар во битолскиот тим.

Десно крило: Мартин Димов (Пролет) – на дуелот против Скопје беше меѓу најдобрите на теренот.

Пивот: Михаил Аларов (Пролет) – заедно со десното крило Димов, го водеа составот на Пролет до триумф над Скопје.

Според Вас, кој ракометар го одбележа 10. коло од машката Суперлига?

Мартин Димов - десно крило - Пролет
47.66%
Мартин Ивановски - среден бек - Охрид
32.01%
Благојче Трајкоски - голман - Еурофарм Пелистер 2
7.48%
Филип Талески - лев бек - Вардар
5.37%
Тимур Дибиров - лево крило - Вардар
3.50%
Михаил Аларов - пивот - Пролет
2.10%
Матео Мараш - десен бек - Еурофарм Пелистер
1.87%