ИДЕАЛЕН ТИМ НА 1. КОЛО ОД СУПЕР МАШКАТА ЛИГА (АНКЕТА)

Традицијата продолжува и екипата на 24Ракомет и годинава ви овозможува во секое коло да гласате за најдобрите ракометари по коло во есенскиот дел од сезоната.

За разлика од лани, годинава има 16 екипи. Сезоната ќе биде долга, ќе има неизвесни битки за пласман во плеј-офот каде ќе играат осум екипи.

Дефинитивно на љубителите на ракометот нема да им недостигаат драматични и неизвесни натпревари во двете групи од суперлигашката конкуренција.

Ние ги одбравме најдобрите седум, а со помош на вашите гласови ќе се одбере ракометарот кој ќе биде МВП на колото.

Ќе можете да го дадете вашиот глас за еден од ракометарите во изборот најдоцна до понеделник на пладне, кога ќе биде познато кој ќе биде избран за најкорисен играч на колото.

Според Вас, кој ракометар го одбележа 1. коло од машката Суперлига 2022/2023?

Здравко Постолов - лев бек - Радовиш
53.15%
Василије Печурица - голман - Еурофарм Пелистер 2
32.86%
Мирко Мајиќ - лево крило - Бутел Скопје
3.67%
Димитар Ѓоргиевски - среден бек - Бутел Скопје
3.56%
Ненад Костески - десно крило - Еурофарм Пелистер
2.98%
Куни Моралес - десен бек - Вардар
2.52%
Филип Арсеновски - пивот - Еурофарм Пелистер 2
1.26%

РЕЗУЛТАТИ ОД 1. КОЛО ОД СУПЕР МАШКАТА ЛИГА

група А

СТРУГА – КУМАНОВО 21-20
ВАРДАР НЕГОТИНО – ВАРДАР 25-38
ПРИЛЕП – АЛКАЛОИД 30-43
БУТЕЛ СКОПЈЕ – ОХРИД 24-23

ПозЕкипаНПРЛБ
1ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР22200260
2ВАРДАР 196122200260
3АЛКАЛОИД22200260
4ОХРИД22142644
5ТИКВЕШ 201422113836
6БУТЕЛ221201036
7ПРИЛЕП22731224
8ПРОЛЕТ22651123

група Б

ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР – СКОПЈЕ 32-17
ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2 – ТИКВЕШ 28-23
ГОЛДЕН АРТ – ПРОЛЕТ 23-27
РАДОВИШ – ЈУНИОР КВ 22-22

ПозЕкипаНПРЛБ
1ГОЛДЕН АРТ1452717
2МУЛТИЕСЕНС1430119
3ВАРДАР НЕГОТИНО1420126

ИДЕАЛЕН ТИМ НА 1. КОЛО ОД СУПЕР МАШКАТА ЛИГА

ГОЛМАН: Василије Печурица (Еурофарм Пелистер 2) – Црногорскиот голман имаше одлична партија против Тиквеш и покажа дека ќе биде големо засилување за вториот тим на битолчани.

ЛЕВО КРИЛО: Мирко Мајиќ (Бутел Скопје) – Каде што застана минатата сезона, таму продолжи на стартот од новата. Црногорското лево крило беше меѓу најдбрите поединци во триумфот над Охрид.

ЛЕВ БЕК: Здравко Постолов (Радовиш) – Левиот бек имаше главна улога во нападот на домашните на натпреварот со Јуниор КВ и големи заслуги за бодот на стартот на новата сезона.

СРЕДЕН БЕК: Димитар Ѓорѓиевски (Бутел Скопје) – Одличната форма на стартот на сезоната средниот бек ја демонстрираше и на дуелот со Охрид, каде беше меѓу најдобрите стрелци.

ДЕСЕН БЕК: Куни Моралес (Вардар) – Кубанскиот десен бек покажа дека и оваа сезона ќе биде меѓу носителите на играта на шампионот и беше најдобар стрелец во победата над неготинци.

ДЕСНО КРИЛО: Ненад Костески (Еурофарм Пелистер) – Десното крило на битолчани имаше добра партија на стартниот натпревар од Суперлигата против Скопје.

ПИВОТ: Филип Арсеновски (Еурофарм Пелистер 2) – Кружниот напаѓач беше меѓу најдобрите поединци на теренот во редовите на битолскиот тим кој славеше против Тиквеш.