ИДЕАЛЕН ТИМ НА 1. КОЛО ОД СУПЕР МАШКАТА ЛИГА (АНКЕТА)

Со одигрувањето на средбата меѓу Пелистер и Бутел Скопје беше комплетирано првото коло од Супер машката лига, па може да се направи првиот Тим на колото за оваа сезона.

Во 1. коло имаше возбудувања на повеќето терени. Победи како гости забележаа ракометарите на Металург и Бутел Скопје, додека на домашен терен сигурни беа Пролет и Радовиш. Нерешено заврши дуелот меѓу Работнички и Струга.

Традицијата продолжува и екипата на 24 Ракомет и годинава ќе ви овозможува во секое коло да гласате за најдобрите ракометари по коло во првиот дел од сезоната. Ние ги подготвивме најдобрите седум, а со помош на вашите гласови ќе се одбере ракометарот кој ќе биде МВП на сезоната. Ќе можете да гласате до сабота во 12 часот.

Својот глас за ракометарот за кој сметате дека бил најдобар можете да го дадете во продолжение (Доколку анкетата не ви се појави веднаш почекајте неколку секунди за да биде вчитана).

ИДЕАЛЕН ТИМ НА 1. КОЛО ОД СУПЕР МАШКАТА ЛИГА

ГОЛМАН: Александар Стојаноски (Струга)

Во 1. коло голманите се истакнаа само на моменти. Таквата конкуренција, сепак, му даде предност на Александар Стојаноски, кој во првиот дел против Работнички имаше неколку добри интервенции со кои помогна Струга да дојде до позитива.

ЛЕВО КРИЛО: Давор Палевски (Работнички)

Играчот кој од трагичар стана херој на Работнички дефинитивно е меѓу подобрите во колото. Палевски прво не реализираше седмерец на негатива од два гола, а потоа за околу 30 секунди двапати го погоди голот на Струга и донесе голем бод.

ЛЕВ БЕК: Стефан Додиќ (Металург)

Еден од најмладите ракометари во Супер лигата беше предводник на Металург во отсуство на интернационалците. Додиќ одигра добра партија и покажа дека од сезона во сезона сè повеќе напредува.

СРЕДЕН БЕК: Ивица Илиев (Радовиш)

Најдобриот стрелец од ланската сезона продолжи каде што застана во мај. Вкупно 15 гола на мечот против Вардар јуниор беа и повеќе од доволни да се најде во првиот тим на колото за оваа сезона.

ДЕСЕН БЕК: Доне Мајнов (Пролет)

Во моментите кога почна да се создава позитивата на дуелот против Охрид во вториот дел одигра голема улога. Имаше одлична соработка со Поповски, а покрај тоа што беше добар асистент и самиот реализираше.

ДЕСНО КРИЛО: Мартин Поповски (Пролет)

Најголемото засилување за Пролет дојде во последниот ден пред стартот на сезоната кога екс-вардарецот го стави потписот за овој клуб. Тоа го докажа уште на првиот меч. Биеше без грешка и беше еден од главните виновници за победата против Охрид.

ПИВОТ: Пеце Ѓорѓиески (Радовиш)

Одличен старт на сезоната на искусниот пивот. Дојде во Радовиш за да помогне со своето искуство и уште во 1. коло покажа дека ќе биде од голема помош. Одигра добра средба против младите вардарци така што оваа игра го смести во најдобрите седум во колото.

СУПЕР МАШКА ЛИГА

РЕЗУЛТАТИ И ИЗВЕШТАИ ОД 1. КОЛО

МЕТАЛУРГ 2 – МЕТАЛУРГ           30:37 (ИЗВЕШТАЈ)

Кофиловски 10, Николовски 6, Митиќ 4 – Поповиќ 8, Кондев 7, Јагуриновски 7

РАБОТНИЧКИ – СТРУГА              25:25 (ИЗВЕШТАЈ)

Палевски 9, Сулима 5, Полијак 4 – Кузмановски 7, Тренчевски 5, Николиќ 5

ПРОЛЕТ 62 – ОХРИД 2013           21:19 (ИЗВЕШТАЈ)

Мајнов 7, Поповски 6, Андоновски 3 – Манасков 5, Цителишвили 4, Блажески 3

РАДОВИШ – ВАРДАР ЈУНИОР 32:28 (ИЗВЕШТАЈ)

Илиев 15, Николов 7, Ѓорѓиески 6 – Крстевски 13, Дука 5, Атанасовски 3

ПЕЛИСТЕР – БУТЕЛ СКОПЈЕ        24:26 (ИЗВЕШТАЈ)

Петровски 7, В. Димитровски 3, Буторац 3 – Мајиќ 9, Ѓорѓиевски 5, Печенковски 3

ДВОЈКИ ЗА СЛЕДНО, 2. КОЛО (14/15.09.2019)

БУТЕЛ СКОПЈЕ – РАДОВИШ

МЕТАЛУРГ – ВАРДАР ЈУНИОР

ОХРИД 2013 – РАБОТНИЧКИ

МЕТАЛУРГ 2 – ПРОЛЕТ 62

СТРУГА – ПЕЛИСТЕР

ТАБЕЛА: 1. Металург 3 бода (37:30); 2. Радовиш 3 (32:28); 3. Бутел Скопје 3 (26:24), 4. Пролет 3 (21:19); 5. Струга 1 (25:25); 5. Работнички 1 (25:25); 7. Пелистер 0 (24:26); 8. Охрид 0 (19:21); 9. Вардар јуниор 0 (28:32); 10. Металург 2 – 0 (30:37).

ТОП 5 СТРЕЛЦИ

15 – Ивица Илиев (Радовиш)

13 – Стефан Крстевски (Вардар јуниор)

10 – Дарио Кофиловски (Металург 2)

9 – Мирко Мајиќ (Бутел Скопје)

9 – Давор Палевски Работнички)