Традицијата продолжува и екипата на 24Ракомет и годинава ви овозможува во секое коло да гласате за најдобрите ракометари по коло и во пролетниот дел од сезоната.
Стартуваа разигрувањата за титула и опстанок во елитната конкуренција, па нема да недостигаат неизвесни и интересни натпревари.
Ние одново ги одбравме најдобрите седум. Со помош на вашите гласови ќе го одбереме ракометарот кој ќе биде МВП на 1. коло од плеј-оф/аут.
Meѓу номинираните ракометари има по еден член од Вардар, Тиквеш, Вардар Неготино, Алкалоид, Охрид, Куманово и Скопје.
За МВП на колото ќе можете да гласате до недела до 12 часот.
СУПЕР МАШКА ЛИГА – РЕЗУЛТАТИ ОД 1. КОЛО ПЛЕЈ-ОФ/АУТ
ВАРДАР – ПРОЛЕТ 30-23
ТИКВЕШ – АЛКАЛОИД 31-31
ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2 – ОХРИД 23-26
БУТЕЛ СКОПЈЕ – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 23-27
ПРИЛЕП – РАДОВИШ 35-26
ВАРДАР НЕГОТИНО – ГОЛДЕН АРТ 25-23
ЈУНИОР КВ – КУМАНОВО 20-21
СКОПЈЕ – СТРУГА 38-32
ТАБЕЛА
ИДЕАЛЕН ТИМ НА 1. КОЛО ОД ПЛЕЈ-ОФ/АУТ ВО СУПЕРЛИГА (АНКЕТА)
Голман: Марјан Велков (Тиквеш) – Со 15 одбрани меѓу кои многу зицери, беше меѓу најзаслужните за бодот на кавадарчани со Алкалоид
Лево крило: Јан Чувара (Вардар) – Полскиот репрезентативец постигна 13 погодоци во стартниот триумф на шампионот против Пролет.
Лев бек: Иван Џонов (Алкалоид) – Македонскиот репрезентативец имаше одлично деби за новиот тим и со шест гола беше меѓу најдобрите.
Среден бек: Владан Кастратовиќ (Куманово) – Црногорецот испорача десет гола во мрежата на Јуниор КВ во првата победа на кумановци во плеј-аутот.
Десен бек: Жарко Барјактаревиќ (Скопје) – Србинот со седум гола беше меѓу водечките стрелци кај Скопје во важниот триумф над Струга.
Десно крило: Гал Цирар (Охрид) – Словенечкото десно крило имаше одлично деби за охриѓани и со седум гола го водеше неговиот тим до победа среде Битола.
Пивот: Петре Пеовски (Вардар Неготино) – Кавадарчанецот одигра одличен натпревар за неготинскиот тим и со пет гола беше меѓу најефикасните против Голден Арт, а своја улога имаше и во одбраната.