Десниот бек Жарко Барјактаревиќ по три сезони настапи во македонската Суперлига, ќе има нов предизвик во кариерата.
Тој се врати во неговата татковина и наредната сезона ќе ги брани боите на амбициозниот Раднички Крагујевац.
Бајрактаревиќ со успех настапуваше по една сезона во редовите на Јуниор Кисела Вода, Струга и Скопје.
Во Србија, десниот бек освен за Раднички Крагујевац, настапуваше и за тимовите на Железничар Ниш и Врање.