Играше против Македонија, денеска доби позитивен тест на корона

Данскиот репрезентативец Ханс Линдберг доби позитивен тест на коронавирус, беше објавено на социјалните мрежи на тамошната федерација.

Тој беше во ростерот на двата квалификациски меча против Македонија во Скопје и во Алборг, но немаше голема минутажа.

Линдберг нема да му биде на располагање на неговиот Фуксе Берлин за дуелите од осминафиналето во Лигата на Европа, а во изолација заврши и неговиот цимер од националниот тим Хенрик Мелгард.

Македонија славеше на првиот меч со Данска со 33-29, а на вториот загуби со 37-21.