Црногорскиот репрезентативец Лука Вујовиќ се враќа во својата татковина и ќе биде дел од амбициозниот проект на Ловќен, кој има намера да создаде поконкурентен тим за Европа.
Вујовиќ четири сезони имаше интернационална кариера, беше дел од Работнички и Металург во Македонија, додека во последните две сезони го носеше дресот на некогашниот словенечки шампион Копер.
Кружниот напаѓач својата кариера ја започна токму во клубот од Цетиње, така што новиот црногорски шампион успеа во своите редови да врати свој производ.
Во Ловќен се очекува да пристигнат уште неколку квалитетни засилувања, меѓу нив сегашни и поранешни репрезентативци на Црна Гора.