Турскиот репрезентативец Халил Озтурк, се наоѓа пред преселба во тимот на Катар Спорт од Катар, кој го води македонскиот стратег Иван Марковски.
Средниот бек замина од Охрид по крајот на есенскиот дел од сезоната, имаше комбинација за трансфер во францускиот Трембле, која не беше реализирана, па сега би можел да се пресели во Катар.
Турчинот се уште е ракометар на Охрид, па катарскиот клуб ќе мора да плати оштета ако сака да го види во своите редови.
Озтурк дојде во Македонија во 2021 година, првиот дел од сезоната го мина во Металург, а лани зимоска дојде во Охрид, каде се промовираше како еден од најдобрите стрелци.
Сепак имаше некоректен потег зимава кога посака да замине од Охрид, иако имаше активен договор до крајот на сезоната. Комбинацијата со Трембле не успеа, па подолго време е без клуб.