Поранешниот ракометар на Еурофарм Пелистер, Олександр Шевелев за новата сезона има нов клуб. Искусниот ракометар од Украина ќе настапува во шампионатот на Грција и ќе го носи дресот на Диомидис Аргус.
Екипата на Диомидис Аргус има голлеми амбиции за новата сезона и раководството на клубот повторно очекува висок пласман во домашниот шампионат. Шевелев го напушти Еурофарм Пелистер пред една сезона откако не го продолжи договорот со битолскиот тим.
Во екипата на Диомидис Аргус нов ракометар ќе биде и екс играчот од Тинекс Пролет, Ѓуро Мујиќ и поранешниот ракометар на Охрид, Малик Хогас.
Шевелев своевремено како голем талент на европскиот талент се пресели во славниот Сиудад Реал, но ниту таму, а ниту во другите средини не покажа нешто да ги оправда големите очекувања од него.
Покрај за Еурофарм Пелистер и Сиудад Реал, Шевелев играше и за Портовик Јужњи, ЗТР Запорожје, Мотор Запорожје, Динамо Минск…