Поради финансиски проблеми во екипата на ЧСМ Букурешт во последните три месеци во женскиот клуб немаат добиено плата. Ракометарките се во незгодна позиција и останува да почекаат да видат што ќе се случи со раководството за да знаат како ќе ја продолжат сезоната.
Во еден вака тежок период кога владее пандемија со коронавирусот клубот остана и без директори така што проблемите се и поголеми.
Според информациите директорите во клубот поднеле оставки, но засега уште нема назначено нови и оттаму не може да се завршат потребните работи. На ракометарките им е ветено дека во следните неколку дена ќе има решение за проблемите.
Од друга страна елиминирана е и административната позиција во клубот која е одговорна за финансисрање. Оттаму комуникацијата меѓу клубот и градското собрание е целосно парализирана и до нејзиното ново активирање ракометарките се во неизвесност.