Ракометарите кои настапуваат во екипите на Вардар и на Еурофарм Пелистер завршија со настапите на Европското првенство во првата фаза. Вкупно 16 играчи во седум различни репрезентации ќе можат порано да се приклучат на подготовките на тимовите, па новите тренери на екипите Стевче Алушовски и Жељко Бабиќ порано од планираното ќе ги комплетираат тимовите.
Екипата на Вардар на овој шампионат имаше седум ракометари. Секако тука е капитенот Стојанче Стоилов, како и пет кои играа во репрезентацијата на Русија. Се работеше за Дибиров, Шишкарев, Калараш, Атман и Горбок. Седмиот играч е Даинис Кристопанс од Летонија.
Еурофарм Работник најмногу ракометари имаше во репрезентацијата на Македонија, вкупно четворица. За Македонија играа Никола Митревски, Бојан Маџовски, Мартин Велковски и Никола Маркоски. Во Украина играа Владислав Остроушко и Александар Шевелев, а имаше по еден ракометар во Црна Гора, Србија и БиХ.
За селекцијата на Црна Гора играше Мирко Радовиќ, за Србија, Милан Ѓукиќ, а за репрезентацијата на БиХ, Марин Вегар.
Сите веќе ги завршија игрите, па сега зависи од тоа дали ќе добијат некој слободен ден плус пред да се вратат на обврските во клубовите.