Играа Металург и Стружанка, бодовите останаа во Автокоманда

Ракометарките на Металург одработија добра средба во 3. коло од Групата Б во Супер женската лига на која успеаја да стигнат до победа од 30:17 против составот на Стружанка.

Металург немаше проблеми за бодовите и многу рано дојде до предност која гарантираше мирно продолжение на натпреварот. Средбата одеше сигурно. Гостинките имаа добра игра на почеток и успеаја да се доближат на гол разлика. откако Металург поведе со 5:1, стружанки се вратија и намалија. Сепак, после 5:4 домашните влегоа во добар период и постојано одеа кон зголемување на водството така што успеаја да стигнат до 17:9 на крајот од првиот дел.

Во второто полувреме веќе требаше само да одиграат за зачувување на разликата и во ниту еден момент немаше проблеми за да се зачува победата. Гостинките немаа сили за да издржат, па на крајот бодовите останаа во „Автокоманда“.

МЕТАЛУРГ – СТРУЖАНКА          30:17 (17:9)

Сала: „Автокоманда“ во Скопје. Судии: Сања Божиновска и Адриана Здравковска од Скопје. Делегат: Владимир Саздовски од Скопје.

МЕТАЛУРГ: Илјаз, Васева, Ѓошевска 1, Гугуљанова 3, Петреска, Трајковиќ 6, Ивановска, Арсениевска 2, Младеновска 5, Т. Темелковска 1, М. Темелковска, Калајџиевска 3, Божиновска 4, Нестороска 1, Христоска, Николиќ 4.

Седмерци: 3/3, Исклучувања: 2 мин.

СТРУЖАНКА: Митоска, Ѓокеска, Маџоска, Блажеска 1, Голабоска 2, Калајџиевска 1, Раткушиноска, Переска 1, Б. Затуроска, И. Затуроска 3, Ѓоршулеска 1, Далипоска, Делиоска 8

Седмерци: 2/2, Исклучувања:

СУПЕР ЖЕНСКА ЛИГА – ГРУПА Б

ТАБЕЛА

ПозЕкипаНПРЛБ
1МЕТАЛУРГ АВТОКОМАНДА22006
2КУМАНОВО22006
3ПЕЛИСТЕР 201221013
4ОВЧЕ ПОЛЕ С. У.31023
5ГЕВГЕЛИЈА30030