Натпреварот од Групата А во Првата машка лига меѓу екипите на Ринија М и Јехона донесе голем број на голови, а на крајот застанаа на вкупно 85. Ова би значело дека на секои 42 секунди паѓал по еден погодок во просек.
Двата тима одиграа ефикасно, а победата и припадна на екипата од Гостивар, која сезонава игра далеку подобро отколку во минатата сезона. Гостиварци уште во првото полувреме го решија победникот така што прашање беше само разликата.
Ракометарите на Јехона успеаја да најдат решение за некомплетниот состав на Ринија, која на овој дуел имаше само девет ракометари, па лесно успеа да дојде до висока победа.
Притоа расположени за игра беа Дукоски и Бошковски кои заедно имаа дури 26 гола. Инаку, високата разлика од 21 погодок и вкупно 85 гола е рекорд сезонава во Првата машка лига, но со оглед на тоа што има уште средби може да се очекува и подобрување на овие бројки.
РИНИЈА М – ЈЕХОНА 32:53 (14:23)
Сала: „Зоран Стојановски“ во Гостивар. Судии: Димитар Митревски и Благојче Тодоровски од Битола. Делегат: Александар Стефановски од Битола.
РИНИЈА М: Мемеди, Исмаили 4, Маневски 2, Сејди, Мемети 2, Туша 9, Палоши 1, Стојчевски 12, Весов 2.
Седмерци: 2/3, Исклучувања: 8 мин.
ЈЕХОНА: Павлоски, В. Стојаноски, Николоски 3, Андриески 3, Дукоски 14, Бошковски 12, Тасески 4, Јованоски 1, Салиу 5, Џафери 4, Ахмети, Столески 5, Живкоски 1, Груевски 1, Крстески, Т. Стојаноски.
Седмерци: 2/3, Исклучувања: 16 мин.