Ракометарките на ЧСМ Букурешт денеска го играат дерби дуелот од 9 коло во Лигата на шампионите против европскиот првак Кристијансанд.
Иако терминот за овој натпревар е 16:00 часот, токму кога се игра големото финале на фудбалскиот Мундијал меѓу Аргентина и Франција, сепак поддршката нема да изостане во салата „Поливалента“.
Клубот објави дека се продадени сите 5.000 билети, а романските навивачи уште еднаш ја покажаа љубовта кон клубот, макар и кога има друг голем настан во исто време.
„Колку што знам сите билети се распродадени. Мислам дека во салата ќе има многу луѓе. Ова е необична ситуација, знам што значи финале на фудбалско СП, но тие што го сакаат ракометот, ќе дојдат да не поддржат. Нормално дека и јас би сакала да го гледам финалето, но ќе се посветам на тоа што ни претстои нас“, вели Кристина Неагу за романскиот „ГСП“.
За разлика од Битола, кога на натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и Бидасоа од Лигата на Европа, кој се играше во исто време со дуелот на СП меѓу Хрватска и Аргентина, имаше никогаш помалку гледачи во салата „Боро Чурлевски“ на европски натпревар, романските навивачи покажуваат дека навистина го сакаат ракометот.