Ракометарките на Србија одработија уште еден одличен натпревар во вториот круг на Светското првенство, па после Холандија дојдоа до победа и против Германија од 29:28 со што се најдоа на чекор од пласман во полуфиналето на Светското првенство.
Инаку, херој на Србија во победата над Германија беше поранешната ракометарка на Металург, Кристина Лишчевиќ која постигна гол во последните моменти од средбата за победа и големи два бода.
Сепак, ќе следува многу поголем предизвик против Данска в среда, но ништо не е невозможно така што постојат шанси за да се оствари добар резултат.
Победи забележаа и Данска и Норвешка, па дури четири селекции имаат свои надежи за полуфинале и ништо не е завршено во Групата 1 така што последното коло ќе биде максимално интересно и возбудливо.
СВЕТСКО ПРВЕНСТВО
ГРУПА 1 (ВТОРА ФАЗА)
РЕЗУЛТАТИ ОД 2. КОЛО
ГЕРМАНИЈА – СРБИЈА 28:29 (17:19)
ДАНСКА – ХОЛАНДИЈА 27:24 (14:9)
ЈУЖНА КОРЕЈА – НОРВЕШКА 25:36 (10:20)
ТАБЕЛА: 1. Норвешка 6 бода (114:99); 2. Германија 5 (106:104); 3. Холандија 4 (113:103); Србија 4 (113:125); 5. Данска 3 (97:98); 6. Јужна Кореја 2 (111:125).