Кружниот напаѓач Игор Трајковски, по две сезони на интернационална сцена се враќа во македонскиот шампионат.
Трајковски е биску до потпис со суперлигашот Скопје, кој го гради тимот за новата сезона во Суперлигата.
Битолчанецот покрај за Пелистер и Еурофарм Работник, играше за Струга и Радовиш во Македонија, а во странство настапуваше за финскиот тим Сјундеа ИФ.
Иако имаше понуди од неколку суперлигаши, Трајковски сепак се реши да ја прифати понудата на раководството на Скопје.
Овој клуб претходно ги промовираше новиот тренер Горан Кузманоски и голманот од Србија, Никола Радовановиќ.
Скопје ќе биде дел од групата Б со Еурофарм Пелистер, Еурофарм Пелистер 2, Пролет, Тиквеш, Радовиш, Голден Арт и Јуниор КВ.