Кружниот напаѓач Игор Трајковски не е повеќе ракометар на Скопје, суперлигашот во кој дојде минатата сезона.
Битолчанецот кој oдигра одлични натпревари во дресот на Скопје, ова лето заминува од клубот.
Трајковски покрај за Пелистер и Еурофарм Работник, во Македонија играше за Струга и за Радовиш.
Две сезони беше интернационалец и го носеше дресот на финскиот тим Сјундеа ИФ, каде исто така остави трага.