Хрватскиот среден бек Игор Карачиќ најверојатно ќе го пропушти претстојното Европско првенство во Унгарија и Словачка.
Плејмејкерот на Келце има напорна сезона со полскиот тим, па му треба повеќе одмор пред новите клупски предизвици напролет.
Карачиќ засега останува на списокот на резерви и во секој момент може да му се приклучи на националниот тим.
Но тоа ќе се случи ако се повреди некој од играчите што играат на негова позиција – Лука Циндриќ, Домагој Дувњак, Анте Гаџа, Тин Лучин…
Хрватска денеска ќе го одигра првиот пријателски натпревар пред ЕП, во Целје против Словенија, која е ривал на Македонија.
Избраниците на Хрвоје Хорват ќе се тестираат уште и против Русија и Босна и Херцеговина на турнирот во Осијек.