Некогашниот ракометар на Вардар, Игор Карачиќ, засекогаш се „врза“ за Македонија.
Хрватскиот репрезентативец по седум години минати во Скопје нема да ги памети само по Вардар, туку и по тоа што во нашата земја ја најде љубовта на неговиот живот.
Денеска и официјално тој стана македонски зет, откако го стави потписот на најважниот животен договор.
Неговата избраничка е Душица Андоновска, поранешен фото-модел, а нејзината сестра Марија е во врска со екс членот на Вардар, Кристијан Дисингер.