Една од најталентираните ракометарки во Македонија, Ива Николовска го продолжи договор со тимот на Куманово.
18-годишната ракометарка, која настапува на позиција лев бек, остана верна на македонскиот вицепрвак и потпиша нов договор на две сезони.
Николовска после успешната рехабилитација од повредата се врати на терените и ја зголеми конкуренцијата на левата крилна позиција.
Тренерот Драгана Ристова освен Пена Граматова, Јована Живковска и Климентина Ѓурчевска, во понатамошниот тек од сезоната ќе ја има на располагање и Ива Николовска.