Ракометарките на Металург им се вратија на домашните обврски по елиминацијата од Европскиот Куп.
Избраничките на Јулијана Дамчевска без проблеми го победија составот на Овче Поле СУ со убедливи 17 голови разлика, 35-18.
По 4-0 и 6-1 на стартот, јасно беше каков натпревар ќе има во Автокоманда. До паузата домашните ракометарки стигнаа до плус 12, 20-8.
Најдобри стрелци во тимот на Металлург беа Ива Младеновска со осум и Ива Божиноска со шест погодоци.
Кај гостинките од Свети Николе, се истакна Елена Вучевска со осум, додека Наталија Манева даде пет гола.