Охрид ги започна подготквите за новата сезона со нов стручен штаб, со осум нови ракометари, но и со нов капитен.
На местото на досегашниот Крсте Андоновски, доаѓа кружниот напаѓач Иван Тасески, кој ќе биде новиот капитен на „гладијаторите“.
Охриѓани ќе се подготвуваат дома и во Маврово, ќе одиграат два тест натпревари со Вардар и Еурофарм Пелистер.
Од 23 до 26 август, ќе бидат домаќини на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски Усташ“ со учество на четири македонски и четири странски екипи.