Македонскиот стратег Иван Марковски, во новата сезона нема да биде тренер на францускиот второлигаш Ле Самбр Авенуа.
Некогашниот репрезентативец кој тренерската работа ја започна во ХЈС Работник и го внесе тимот во Суперлигата, го имаше првиот меѓународен предизвик и работеше три години во францускиот тим.
Одлуката за разделбата со Марковски, кој го одведе Самбр Авенуа еден ранг погоре, клубот ја објави на социјалните мрежи.