Тимот на Прилеп се пофали дека е продолжена соработката со чуварот на мрежата Иван Ангелески.
Голманот кој беше меѓу најдобрите поединци во прилепскиот клуб, ќе го брани голот и во следните две сезони.
Претходно Прилеп се договори за трансфер на пивотот Томче Трајчевски, како и на левиот бек Никола Цветаноски.
Во штотуку завршената сезона Прилеп беше дел од разигрувањето за опстанок, но во следната сезона има поголеми амбиции.
Од клубот заминаа левите бекови Давор Шокоски и Мириами Гавашелишвили.