Поранешната ракометарка на Металург и Вардар, Ивана Гакидова, која настапува за екипата од Турција, Коњалти, беше избрана во идеалниот тим на 12. коло во турскиот шампионат како најдобар пикер.
Гакидова имаше свој придонес во минатото коло кога екипата на Коњалти направи изненадување и успеа да извади бод против еден од фаворитите за освојување на шампионската титула, Измир, откако натпреварот заврши без победник, 28:28.
На овој натпревар, Гакидова заедно со поранешната ракометарка на Вардар, Алена Ихнева, беа главни стрелци во екипата на Коњалти со шест постигнати погодоци.
Во дресот на Коњалти четири погодоци постигна репрезентативката на Македонија, Моника Јанеска.
Освен за Гакидова, место во идеалниот тим имаше и за поранешната членка на Кометал ЃП, Јелиз Озел.