Ако се гледа според успесите, тогаш ракометаот со години е спорт број 1 во Македонија. На репрезентативен и клупски план, Македонија е во врвот во Европа, а тоа секако привлекува и многу млади да се занимаваат со овој спорт. Но, најчеста слика на детските игралишта е како младите играат фудбал или кошарка. Сепак впечатокот се менува зашто на некои игралишта младите играт и ракомет.
Да, далеку е тоа од ракометно игралиште, ама желбата да се биде Лазаров, Миркуловски, Мојсовски, Дибиров, Штербик, Карабатиќ или некој друг постои кај сите. Ние не бевме изненадени од тоа што го видовме, туку радосни дека младите спортуваат, а ракометот е секако еден од нивните омилени спортови.
Видеото е направено во Кисела Вода, младите деца се дел од ОУ „Кирил Пејчиновиќ“. Велат дека сега се во помал состав дека им недостасуваа неколку другарчиња, и дека подеднакво како и фудбал играат и ракомет. Не им пречи што тука се игра кошарка, а тие го користат секој слободен момент да играат партија ракомет.
Марко, Даријан Стефан, Филип, Огнен… тоа се ѕвездите од нашето видео. А кога ги прашавме зошто ракомет, одговорот беше – го сакаме тој спорт. Знаеја веднаш да набројат десетина играчи кои низ годинивие продефилираа низ Македонија, за успесите на Вардар, на Металург.. знаеја многу повеќе за ракометот отколку што се надевавме.
Некои од нив тренираат фудбал, некои пливање, некои возат картинг, ама сите сакаат ракомет. И најважно од се играат.
Веројатно некој од нив ќе биде некоја идна ѕвезда, па кога ќе дава интервју ќе се присети на почетоците на кариерата,