Црногорскиот стратег Зоран Кастратовиќ ќе го замени Данецот Јан Питлик и ќе ја предводи машката репрезентација на Саудиска Арабија.
Кастратовиќ оваа сезона го водеше составот на Ал Мудар, со кој долго време беше лидер на првенството беше лидер, но на крајот заврши на втората позиција.
Според гласовите на љубителите на ракометот во Саудиска Арабија, Кастратовиќ беше прогласен за тренер на годината.
Црногорецот има големо искуство и како селектор и како тренер. Во Македонија работеше во Пролет, Металург и Вардар, а ги водеше и Беране, Сутјеска, Будуќност, Ел Џаиш и Ал Мудар.
Беше на селекторските позиции во машките репрезентации на Црна Гора и Иран, а ја водеше и женската репрезентација на Македонија.
Ќе има голем предизвик со Саудиска Арабија најпрво на олимписките квалификации во група со Катар, Јужна Кореја, ОАЕ и Кина, а потоа и на Азискиот шампионат во 2024 година.