Знае и од „паркинг“ – Ниту 11 метри не се многу за Кукуловски…(ВИДЕО)

Еурофарм Пелистер славеше над данскиот ГОГ Гудме со 32-31, а во отсуство на најдобриот стрелец Стипе Мандалиниќ, шанса на левата бековска позиција доби Дејан Кукуловски. По одличните партии против Татабања, Кукуловски одигра добро и против ГОГ, а еден од неговите погодоци беше од 11 метри. Погледнете ја бомбата на ресенчанецот....