Злато вредна победа на битолчани, направија голем чекор кон осминафинале! (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Мотор Запорожје – Еурофарм Пелистер

Еурофарм Пелистер славеше на незгодното гостување кај Мотор Запорожје со 33-30 и направи голем чекор кон осминафиналето на Лигата на Европа. Данскиот лев бек Себастијан Хенеберг имаше олична партија и со 14 гола беше клучот на триумфот над украинскиот првак. Сега битолчани со 4 бода се на четвртото место во групата, пред Агуаш Санташ и Мотор кои се на нула. Следен предизвик за Еурофарм Пелистер ќе биде гостувањето кај Бидасоа Ирун.