Злато вреден гол – Митев како шило низ одбраната на Металург за голем триумф на Бутел (ВИДЕО)

Екипата на Бутел Скопје му нанесе уште еден пораз на Металург и славеше на домашен терен со 21:19. Во израмнет натпревар со малку голови победникот се одлучуваше во последните минути од натпреварот. Победата за Бутел Скопје во финишот ја запечати младиот репрезентативец на Македонија, Марко Митев кој во последните минути со убав продор низ одбраната на Металург ја затресе мрежата за 21:19 што беше и конечен резултат. Голот на Митев може да го погледнете во следното видео.