Заврши Европското првенство во ракомет на плажа во машка и женска конкуренција што минатата недела се одржуваше во бугарскиот град Варна.
Кај мажите, Данска ја совлада селекцијата на Хрватска со 2-0 во сетови, додека бронзениот медал го освои Русија која со 2-1 беше подобра од Шпанија.
Кај дамите, Германија беше подобра од Данска со 2-0 во сетови, додека во битката за бронзениот медал Шпанија славеше над Норвешка со 2-0 во сетови.