Машката кадетска репрезентација на Македонија оствари триумф над Романија во првиот пријателски натпревар со еден гол разлика, 31-30.
Избраниците на Раде Стојановиќ на полувремето имаа предност од четири погодоци против незгодниот ривал, 19-15.
Во второто полувреме, гостинските ракометари успеаја да се вратат во мечот, но на крај сепак победата ја однесе Македонија.
Двете репрезентации утре ќе одиграат уште еден пријателски натпревар со почеток од 12:00 часот во Автокоманда.
Овој двомеч со Романија е дел од подготовките за настапот на Светското првнство во Хрватска што ќе се одржи од 2 до 13 август.