Златниот медал им ја донесе најголемата премија, секоја од Норвежанките ќе добие по 18.000 евра!

Ракометарките на Норвешка за освоениот златен медал на Европското првенство 2022 ќе ја имаат најголемата премија во својата историја, пишува норвешкиот весник „ВГ“.

Сите 19 репрезентативки на Норвешка, кои беа на располагање на континенталниот собир, од норвешката ракометна федерација ќе добијат вредна парична награда.

На секоја од ракометарките ќе им биде исплатено по 190.000 норвешки куни, односно 18.000 евра.

130.000 норвешки куни за избраничките на Торир Хергеирсон се за освоениот златен медал во Љубљана и по 30.000 норвешки куни за директниот пласман на Олимписките игри во Париз (2024) и Европското првенство во Швајцарија, Австрија и Унгарија, кое ќе се одржи во периодот од 29 ноември до 15 декември, 2024.

Севкупно, Ракометната федерација на Норвешка на ракометарките ќе им плати 3.610.000 норвешки куни или повеќе од 342.000 евра.