Денеска во „Tеле 2 Арена“ во Стокхолм ќе се одигра последниот натпревар од Европското првенство што изминатите 18 дена се одржуваше во три држави – Австрија, Норвешка и Шведска.
Во битката за најсјајното одличје од континенталниот собир ќе се борат селекциите на Хрватска и Шпанија, кои во полуфиналето ги елиминираа Норвешка и Словенија.
Интересен факт за овој натпревар е што на теренот во „Теле 2 Арена“ ќе бидат петмина ракометари од златната генерација на Вардар од 2017 година.
Лука Циндриќ и Игор Карачиќ на една страна за Хрватска, ќе играат против Шпанците Жоан Кањелас, Хорхе Македа и Алекс Душебаев.
Натпреварот започнува од 16:30 часот.