Левиот бек Здраво Постолов ќе има нов предизвик во кариерата, откако кавадаречкиот клуб не ја продолжи соработката со него.
Постолов во тимот од Кавадарци пристигна во вториот дел од минатата сезона, но не доби голема минутажа во настапите од суперлигашката конкуренција.
24-годишниот ракометар потекнува од Радовиш, а во својата кариера настапуваше и за екипите на Вардар Јуниор и Јуниор КВ.
Освен со Постолов, клубот се раздели и со Јагош Брауновиќ, Лазар Петровиќ, Арнад Хамзиќ и Зоран Стојановски.
Тиквеш за следната сезона ги ангажираше Мирко Мајиќ, Мартин Манасков, Срѓан Мијатовиќ, Јанко Гемаљевиќ и Ани Обина.
Кавадарчани ќе играат против австрискиот Кремс во Европскиот Куп, додека во суперлигашкото друштво се најдоа во група со Струга, Охрид, Куманово, Скопје, Алкалоид, Еурофарм Пелистер 2 и Аеродром.
Следете не на нашите социјални мрежи, на Facebook, и бидете дел од Viber заедницата на 24Ракомет – добивајте ги сите информации веднаш на вашиот телефон!