За шест месеци ги освои симпатиите на навивачите и управата – Буриќ во Скјерн до 2025 година

Босанскиот репрезентативец Сењамин Буриќ, го продолжи договорот со данската екипа Скјерн.

Буриќ пристигна во Скјерн како замена за Бјарте Мирхол и за само шест месеци ги освои срцата на навивачите. Како резултат на тоа, договорот му беше продолжен и ќе остане во Данска до 2025 година.

„Тој е карпата на нашиот тим од двете страни на теренот. Буриќ е одлично момче и драго ни е што ќе ги користиме неговите квалитети до 2025 година“, соопштија од дански Скјерн.

Стандардниот репрезенативец на БиХ, има играно и за Извиѓач, Горење, Загреб а потоа го облече дресот на француски Нант, со кој играше на Ф4 од Лигата на шампионите.