Екипата на Кадетен Шафхаузен во рамки од 9. коло од Лига на Европа успеа да го совлада актуелниот бранител на титулата, тимот на Бенфика со 28:27.
За победата на клубот од Швајцарија најзаслужен беше репрезентативецот на Исланд, Один Тор Рикардсон, кој во мрежата на Бенфика постигна осум погодоци.
Еден од погодоците на исландскиот ракометар беше постигнат на атрактивен начин. Токму атрактивниот гол на Один Тор Рикардсон се најде на првото место во изборот за најдобар гол на 9. коло во второто по ранг европско натпреварување.
Покрај ракометарот од Исланд, во традиционалниот избор на колото со најдобри голови се најдоа и Мијајло Марсениќ од Фуксе Берлин, Сантијаго Барчело од Бенидорм, Емил Јакобсен од Фленсбург и Естебан Салинас од Грањолерс.
- * Голот кој го постигна Один Тор Рикардсон може да го погледнете на 1:15 на видеото