Пред три дена Европската ракометна федерација ги соопшти клубовите што ќе играат во машката и женската Лига на шампиони.
Македонија ќе има преставник само во машката ЛШ, а тоа ќе биде двократниот европски првак Вардар.
Поради пандемијата предизвикана од коронавирусот, ЕХФ се реши да одреди по два клуба во двете конкуренции што имаат улога на резерви, доколку некој од клубовите што имаат директно место во групите, не може да игра.
Извршниот Одбор, реши ги одбра полскиот Висла Плоцк и романскиот Динамо Букурешт за резерви во машката ЛШ, додека во женската ЛШ тоа се норвешкиот Сторхамар и чешкиот Бањик Мост.
Ждрепката за групната фаза во двете конкуренции ќе се одржи на 1 јули во Виена.