Клубовите финалисти на Купот на Македонија, Вардар и Еурофарм Пелистер се виновни за однесувањето на дел од гледачите во салата „Јамсин“ во Кавадарци во мај, и Комисијата за жалби при РФм ја одби нивната жалба во врска со одлуката на Дисциплинската комисија. Немало пропусти во организацијата на мечот што се играше во мај.
Комисијата за жалби на РФМ ја потврди одлуката на Дисциплинската комисија која покрена постапка на почетокот на јуни и потоа ги казни двата клуба со вкупна казна од над 100.000 денари. Дисциплинскиот правилник на РФМ предвидува и казна за слаба организација на натпреварот на организаторот, но таква казна не е донесена, ниту пак објавена на интернет страната на федерацијата. А организатори и домаќини се РФМ и ГРК Тиквеш.
Двата клуба финалисти на Купот се жалеа на ваквата одлука велејќи сметајќи дека тие воопшто не биле организатори на натпреварот, ниту пак имале обврска да обезбедат редарска служба кој ќе се грижи за редот во салата. Тоа е секогаш обврска на организаторот кој се грижи да нема внесување на премети во салата кои може да бидат искористени за фрлање.
РФМ во одлуката за казнување испратена до клубовите вели дека со оглед на тоа што тие побарале билети од организаторот за навивачите, тие ги организирале околу нивното доаѓање.
Од друга страна клубовите тврдат дека тоа што клубот обезбедил билети за своите навивали не може да се поврзе со фрлање на предмети на теренот, бидејќи на трибината каде биле навивачите имало и други навивачи кои биле одговорни за фрлањето предмети. Клубовите сметаат дека погрешно се применети одлуките од дисциплинскиот правилник на РФМ.
За слични натпрвари од домашното првенство, на гостувањата на Вардар во Битола и на Еурофарм Пелистер во Скопје каде исто така имаше организирани навивачи, казни добија само домаќините, односно клубовите домаќини, поради слабата организација. но не и гостинските кои исто така имаа свои навивачи на трибините.
На финалниот меч од Купот на Македонија поради немање доволно лица за обезбедување во салата, и кои не беше поставени на соодветните места, на полувреме немаше менување на страните на клубовите, па и двете екипи останаа на своите места. Над клупата на Пелистер беа навивачите од Битола, а на другата страна имаше исто така симпатизери на битолчани кои сепак беа неколку реда повисоко. Навивачите на Вардар успеаја да внесат пиротехнички средства, а редаската служба не ги прегледала на влезот за да ги пронајде и одземе, туку ги пуштила да влезат во салата. Немаше приведенеи гледачи поради нарушување на редот, ниту поради фрлање на предмети на теренот.