Европската ракометна федерација (ЕХФ) ги објави термините и саатниците за четвртфиналните дуели во Лигата на шампионите.
За место на Ф4 турнирот во Келн ќе се бори актуелниот бранител на титулата, Барселона, потоа европскит вицепрвак Келце, вториот претставник од Полска во елитното натпреварување, тимот на Висла Плоцк, двата бундеслигаши Кил и Магдебург, Веспрем од Унгарија, моментално најбогатиот клуб ПСЖ и данскиот шампион ГОГ.
Битката за пласман на завршниот турнир од Лигата на шампионите ќе стартува на 10 мај со натпреварот меѓу Висла Плоцк и Магдебург. На истиот ден, свој дуел ќе имаат Кил и ПСЖ.
На 11 мај ќе играат екипите на Веспрем и Келце, односно ГОГ и Барселона. Реванш натпреварите ќе се одиграат на 17 и 18 мај, по што ќе бидат познати патниците на Ф4 турнирот во Келн.
Распоред и саатници за првите дуели од четвртфиналето:
10/05, 18:45 Висла Плоцк – Магдебург
10/05, 20:45 Кил – ПСЖ
11/05, 18:45 Веспрем – Келце
11/05, 20:45 ГОГ – Барселона
Распоред и саатници за реванш средбите:
17/05, 18:45 Магдебург – Висла Плоцк
17/05, 20:45 ПСЖ – Кил
18/05, 18:45 Келце – Веспрем
18/05, 20:45 Барселона – ГОГ