Слабиот старт на првенството на репрезентацијата на Холандија ги одалечи од полуфиналето и борбата за медалите. Сепак во последните натпревари Холанѓанките го поправија впечатокот и стигнаа до шестото место.
Една од ракометарките кои имаа најстандардни изданија на првенството, голманката Тес Вестер во интервју за порталот „Будва“ говореше дека резултатот на првенството е разочарувачки и за нив и за јавноста во Холандија, но дека тие не се на удар толку како репрезентациите од Балканот.
„Јавноста во Холандија е разочарана од резултатите како и ние самите, најавувавме и очекувавме напад на златото. Сепак за разлика од Балканот нас јавноста не нè линчува, дури ни фудбалската репрзентација која има најголема популарност. Познато ми е дека клубовите и репрезентациите од екс-ју просторот трпат огромен притисок од јавноста“, рече Тес Вестер.
Во својата кариера голманката на репрезентацијата на Холандија беше два пати прогласена за најдобра на светот.