За победа не се доволни само 30 минути (ФОТОГАЛЕРИЈА)

 

Бутел – Татран

.
.

Повеќе детали за турнирот во Охрид 2023, вести, табели, резултати, претставување на екипите, распоред на натпреварите,… ќе можете да најдете во делот посветен за турнирот на www.24rakomet.mk во главното мени на страната што ќе биде активен во вторник на 22 август 2023.

.

.

Следете не на нашата страница на Facebook и бидете дел од Viber заедницата на 24Ракомет и добивајте ги сите информации веднаш на вашиот телефон.
Можете и да коментирате, да ги кажете вашите размислувања под секоја објава на веста на Вибер.

Уште еднаш Бутел покажа дека новиот тим со кој ќе настапува сезонава има сили да игра со секого, но останува да се подобри, и да се издржат сите 60 минути. Само со едно полувреме, и со 30 минути не може да се постигне успех. Турнирот во Охрид, за скопјани е можност да се воиграат сите позиции, да им се даде шанса на помладите кои сеознава влегуваат во „сениорски води“. Натпреварот меѓу Бутел и Татран му припадна на словачкиот тим, кој победи со 32-25 и победникот го одлучи финишот на првиот и средната на вториот дел. Во првиот дел Татран се врати од негатива од шест голови, а во средината на второто успеа да го скрши отпорот на скопскиот суперлигаш и да го одведе натпреварот во своја полза.